Мицкоски: Предавство, нема да дозволиме уставни измени


ВМРО-ДПМНЕ го оцени како „тежок ден за Република Македонија“, денешното известување дека владите во Скопје и во Атина договориле новото име на нашата држава да биде Република Северна Македонија. Не најавувајќи ги следните чекори, нагласено е дека поразот не смее да се претстави како победа, јазикот и идентитетот и онака се признаени од Обединети нации.

„Кај граѓаните има чувство на потиштеност и горчина. Заев тераше егзебистионистички договори и во тајност, ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија во Македонија не беше вклучена, а сега е веќе јасно зошто. Единствено што се случи денеска е телефонски разговор и тоа откако Заев ги прифатил сите грчки позиции. Тој најпрво зборуваше за непромена на Уставот, па за географска одредница, па за утврдувањет на идентитетот со прифаќање на предлогот: ‘Република Илинденска Македонија’. Ова е премногу сериозен договор, бараме веднаш да ни биде доставен. Сите мои однапред договорени обврски во странство ги откажувам. Тука сум“, изјави претседателот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека неговата партија останува за ЕУ и за НАТО, но ќе биде против промена на Уставот, па макар и со амандманска измена.

„Ако Заев мисли ова предавство да го протне на шверцерски начин во Собранието, мора да знае дека следува референдум. И тоа задолжителен, а не како што рече денеска советодавен. Јас лично ќе гласам против решението. Ајде да одиме на избори, уште утре да обезбедите услови како што обезбедивме ние за изборите преклани, па да видиме народот на чија страна е“, потенцира Мицкоски.  (Г.А.)