Мицкоски: Поради математички и политички причини не може да учествуваме во работата на Собранието
Со Али Ахмети имавме конструктивна средба, на која што разговаравме за актуелните политички и економски прашања. Се надевам дека во иднина ваквите средби ќе станат почести, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
– Ние сме ориентирани кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесеме кон поквалитетни реформи, рече Мицкоски.
Во врска со Законот за употреба на јазиците, Мицкоски истакна дека ова не биле преговори, туку само ги аргументирале позициите.
– Поради математички и политички причини не можеме да учествуваме во работата на Собранието. Математичката е поради тоа што 12 отсто од пратениците ни се во притвор, а политичката е поради сериозното нарушување на демократскиот амбиент во Македонија, рече Мицкоски. /А1он