Мицкоски отпатува во Вашингтон


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на Конференција за безбедност организирана од американскиот Конгресот на САД, во рамки на неговата посетата на Вашингтон
На конференцијата се обратил и Сенаторот Роџер Викер, како и конгресмените Роберт Атерхолт и Роберт Питинџер. Во нивните обраќања тие ја нагласиле посветеноста на САД во борбата против теориризмот како и потребата од соработка со земјите од Југоисточна Европа, посебно во сферата на безбедноста.

Мицкоски, во своето обраќање, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, посочил дека Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ.

„Од наша перспектива, НАТО е клучен столб во современата евроатланска безбедносна архитектура, додека ЕУ е главна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на европскиот континент. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која е свесна дека стратешките приоритети, како што се членството во НАТО и ЕУ, како и развојот на стратешкото партнерство со САД, може да се реализираат преку имплементација на реформи, развој на регионална соработка и добрососедски односи, но и континуиран придонес кон регионалната и евроатланската безбедност и соработка“, истакнал Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што наведуваат од партијата, нагласил дека Македонија треба да ја добие поканата за заслуженото членство во НАТО, кое би било од бенефит не само за нашиот регион туку и за НАТО.