Мицкоски остана единствен кандидат на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, најверојатно, ќе биде единствен кандидат за нов партиски лидер – на конгресот што почнува утре во Валандово.

За лидерската позиција биле поднесени две кандидатури, но прифатена е само кандидатурата на Мицковски. Другата кандидатура не се смета за валидна бидејќи била поднесена без потписи. Името на вториот кандидат не се соопштува. Конгресот за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи утре и задутре во Валандово.

Мицковски, попладнево, ја објави на својот Фејсбук профил својата кандидатура за претседател на партијата.

– Ова за мене лично е една од најсериозните одлуки во животот, целосно разбирајќи ја тежината, честа, но и одговорноста да се води партијата која е вградена во кодот на македонецот и македонската држава и која ќе остане еден од главните темели на нашата татковина, објави Мицкоски.