Мицкоски најави иницијатива пред Уставен за законот за јазиците


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека со денешното објавување во Службен весник на законите за јазици и за ратификација на договорот од Преспа премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери извршиле „атентат“ врз Македонија.

-Противуставното потпишување на законот за јазици, денеска доби продложение, кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен, вели Мицкоски во Отворено студио на телевизија Алфа.

Според него, ова е кривично дело и потсети дека партијата ќе поднесе кривични пријави како и иницијатива за проверка на уставноста на законот пред Уставен суд. Очекува дека ако Уставниот суд поставува по правото, законите и Уставот ќе го прогласи овој закон за неуставен.