Мицкоски: Македонија пребродила многу Заевци, но неговиот срам ќе остане


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција е срам за нашата земја, порачувајќи дека промената мора да почне од нас самите. На својот статус на „Фејсбук“, кој го пренесуваме во целост, смета дека животот нема да ни се подобри се додека постои оваа влада на чело со Зоран Заев.

„Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат”, велеше Блаже Конески. „Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име”, пишуваше Петре М Андреевски. „Ој, Македонијо, колку ли уште ни треба за да те домакедончиме”, порачуваше Гане Тодоровски. „Стиснете ги тревките неја ќе ја исцедите. Наслонете се врз каменот името ќе и го чуете”, говореше Анте Поповски. И сигурно ќе се запрашате зошто во изминатите неколку дена објавував стихови за Македонија. Одговорот е затоа што и Коневски, и Андреевски, исто како и Гане, Анте, Матески, Мисирков и многу други големи имиња како овие пишуваа и оставија аманет за Македонија. Со неспорен интелект и маестрална вештина. Денес гледаме како еден човек кој е на позицијата премиер прави чекор со кој овие величини сака да ги помножи со нула, нивното творештво и аманет да каже дека се погрешни, но и како еден народ и земја со некаков договор сака да ја преименува. И не е само овој единствениот проблем. Државата оди во неповрат, и ќе продолжи да оди со ваква власт и нема да биде подобро, затоа што освен овој договор, и ништо друго нефукционира. Економија, здравство, образование…а промената што сакате да ја видите во државата почнува од секој од вас, од вашиот став и размислување и вашата сила е поголема од секоја друга. И после потпишувањето на договорот граѓаните ќе продолжат да живеат лошо.

Македонија пребродила во својата историја многу Заевци, ќе го надмине и овој. Но неговиот срам ќе остане! Се гледаме денес во Битола 13.30 часот“, порача Мицкоски.