Мицкоски до Мијалков: Ти си или Вицето?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го прозва ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и братот на премиерот, Вице Заев околу случајот со прислушувањето во Основното јавно обвинителство.

„Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?“, праша лидерот на опозицијата.