Мицковски: Кој и да биде лидер на ВМРО – ДПМНЕ, сигурно ќе го победи Заев


Членовите на Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ почнаа да се собираат во партиската зграда каде што се очекува да разговараат за одтсвката на претседателот Никола Груевски и подготвока на Конгресот закажан за 23 декември, на кој ќе се избира негов наследник. Генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски пред влегувањето во „белиот дворец“ најави дека вечерва нема да се разговара за можни наследници, но потврди оти размислува да се кандидира за наследник на Груевски.

„Кој и да биде лидер на ВМРО – ДПМНЕ сигурно ќе го победи Заев“, порача Мицковски.

Покрај него, се шпекулира дека во игра се и Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Никола Тодоров и Филип Петровски. И Милошоски рече дека размислува да се кандидира за претседател, но рече дека „ не е важно кој ќе биде претседател, туку како ќе се продолжи во иднина“ и оти „на Македонија и е потребна силна опозиција“. (А.М.М.)