Мицевски ќе ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


Никола Мицевски е назначен за нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Четириесет и тригодишниот штипјанец, кој има завршено Земјоделски факултет и е магистер по економски науки, е пратеник од 2014 година. Тој доаѓа на местото на Драган Данев, кој беше во немилост на раководството откако излезе да гласа на референдумот за договорот со името. Подоцна, тој не гласаше за уставните измени, а се појави и на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на ВМРО што се толкуваше како подобрување на односите.
Драган Данев на координаторското место мина осум месеци, а го наследи Влатко Ѓорчев, кој, пак, беше вршител на должноста по заминувањето на Илија Димовски.