Митко Јанчев: Ајде да направиме амнестија


-Ајде да ја направиме таа амнестија, ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите- вели Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дојче веле.

За актуелната дебата во Собранието за уставните измени, вели дека кога би бил пратеник би гласал за измени на Уставот, но под одредени услови, односно би поднел неколку амандмани со цел да се обезбедат дополнителни гаранции за државата.

Прашан што им препорачува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев укажува дека тие се под постојан притисок „и од десно и од лево“.

Додава дека е разочаран од таквите случувања, не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во СДСМ, како и од тоа што иако таму сите не мислат исто, сепак, постапуваат по партиски налог.