Митана Петровска од Тетово е етно- вешта жена за 2017


Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година. За прв пат во рамки на оваа манифестацијата се беше одржан и избор на вешто дете.

Митана Петровска од Тетово со таканаречените новогодишни ситни колачи со одлична креација, победи на овогодишната манифестација Етно вешта жена. Втората награда ја освои натпреварувачката која подготви новогодишна торта, а третата награда ја доби учесничката која се престави со традиционалните тетовски Назлифатми.

Претседателката на манифестацијаа Снежана Стојановска, е горда што оваа манифестација добива на популарност и голем одзив, чија цел е креативност и внесување на новини во подготовката на традицоналните јадења.

И годинава во рамки на манифестацијата Етно вешта жена, дел од собраните пари беа наменети за хуманитарни цели.