Мирен протест утре пред Кривичен суд за поддршка на Филип Достовски


Мирен протест ќе се одржи утре на 2 јули во 10 часот пред Основен суд Скопје 1, со цле да се изрази поддршка на Филип Достовски, основачот на „Зелена алтернатива“. Достовски е активист за легализација на марихуаната и едукатор за лекување со масло од канабис. Протестот е и против законот кој ги третира пациентите како криминалци.

Филип беше приведен, бидејќи полицијата кај него пронашла одредена количина канабис сатива. „Зелена Алтернатива“ смета нема посoодветен момент да се побара декриминализација и легализација на растението, кое, според науката, може да помогне, но никако да наштети.

„Канабисот е лековито растение, кое на илјадници граѓани во Македонија им го продолжува животот, но и на стотици им го загрозува поради строгите и неоправдани законски регулативи“, пишуваат во повикот.