Министерството за здравство бара историчар за државен советник?


Министерството за здравство бара државен  советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Во огласот, кој истекува денеска, е наведен малку чуден критериум во делот на образование – услов е кандидатот да има завршени историски, економски или правни науки.

Платата за оваа позиција е речиси 39.000 денари.

Дополнително, се бара најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководна позиција во јавниот сектор и десет години искуство во приватниот сектор од кои најмалку три години на раководно место во приватниот сектор.