МВР утврдува кој го обои седиштето на ВМРО – ДПМНЕ


Синоќа во полиција телефонски било пријавено дека некој фрлил боја врз партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ во центарот на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на расчистување на овој настан.

„На 23.06.2018 година во 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски пријавило дека на објектот во сопственост на партијата лоциран на плоштад ВМРО, од страна на непознати лица била фрлена боја врз објектот и околу него. На лице место излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од МВР.