Мајк Пенс му честита на Заев за договорот за името


Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, разговараше со премиерот на Република Македонија Зоран Заев при што, според соопштението на Белата куќа, му честита на историскиот договор со Грција за решавање на долготрајното прашање за името меѓу двете земји.

Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отпочнување на пристапните преговори во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Потпретседателот Пенс го пофали водството, храброста и посветеноста на мирот и стабилноста во регионот на премиерот Заев и ја понуди поддршката на САД за договорот за името и неговата успешна имплементација, се наведува во соопштението.

Потпретседателот на САД, исто така, разговараше и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.