Маск објави видео од тунелот под Лос Анџелес за супербрз транспорт на патници


Милијардерот Илон Маск, кој е сопственик на компаниите „Тесла и „Спејс икс“, На Твитер објави видео како изгледа внатрешноста на тунелот што го гради неговата „Здодевна компанија“ (Boring Company) под Лос Анџелес.

Тест-тунелот за супербрз превоз на патници од декември ќе биде оперативен. Веста, како и обично, доаѓа од твитер-профилот на Илон Маск.

Судејќи според објавата, тунелот е ископан, а официјално ќе биде пуштен на 10 декември. Што е направено и што треба да се доправи не е прецизирано.

Тунелите треба да се искористат за тестирање на „хиперлуп“ превозот. Станува збор за супербрз превоз на патници. Во теорија, кабината со која ќе се пренесуваат патниците ќе може да се движи со брзина од 220 км/ч.

Во продолжение погледнете како Маск го замислува градскиот превоз во иднина, кој на 10 декември први ќе имаат можност да го тестираат жителите на Лос Анџелес.