Манчевски: Во преговорите со ЕУ ќе бидат вклучени најдобрите и најупатените


Владата планира да иницира заедно со граѓанскиот сектор идеи за модел за вклучување на најквалитетните претставници од Граѓанското општество (ГО) во преговарачките тимови по поглавја со ЕУ, истакна министеропт за инфотрматичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната дебата „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“.

– Се надеваме дека навистина брзо ќе имаме можност и да добиеме датум за преговори и да ги започнене преговорите со ЕУ. Овој вид партнерство над државата на Македонија и е насушна потреба. Станува збор и за пишување на одговорите по поглавја што ќе бидат отворени откако ќе биде утврден датумот за преговори, но пред се се работи за сериозен и темелен процес во кој што треба да бидат вклучени најдобрите и најупатените без разлика на тоа од каде доаѓаат, дали од институциите или од ГО, рече Манчевски.

Појасни дека во контекст на принципите на тварнспарентност и отчетност и соработка со граѓанскопт ектопр, Владата, очекува и охрабрува вклучување на претставници и цели тимови на ГО-и и во останатите сфери, затоа што голем дел од ресурсите што може да дадат придонес за затворање на поглавјата се наоѓаат токму во граѓанскиот сектор, а сите, вели, мора да се вложиме она што е клучлен интерес за нашата држава во следниот период.

Според Фани Каранфилова – Пановска, претседател на Советот за соработка со граѓанскиот сектор, потребен е  структуриран дијалог со Владата кој нема да се одвива само преку Советот како новоформирано тело со цел носење одлуки со консензус за одрдени политики и прашања за кои претставниците во советот се одбрани, туку и преку вклученост на ГО во различни секторски работни групи во сите фази од подготовка на закони. Во однос на евентуален почеток на преговорите со ЕУ, вели, граѓанските организации треба да бидат дел од мешовитите работни групи кои што ќе ги подготвуваат и ќе ги анализираат состојбите во поглавјата од преговорите.

– Структурата за тоа како ќе изгледат институциите, кои ќе бидат формите на консултација и учество на ГО треба да почнеме да ја работиме уште денес, да не речам вчера. Затоа што датумот за почеток на преговори не значи дека тие ќе почнат кога ќе ни го дадат датумот. За да почнат преговорите побрзо во дадена догледна перспектива  државата треба да биде подготвена и за најголемиот дел од поглавјата да го има изработено скрининг процесот за својот дел од легислативата, а ГО – и можат да помогнат многу и во тој дел од работата, рече Каранфилова – Пановска.

На форумот се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски кој се осврна на активности и политиките на Владата и Агенцијата за подобрување на стандардот на младите и вклучноста на младинските организации во нивно креирање.

Денешниот дијалог во Владата е првиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации: „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“. Предвидено е вакви отворени денови со Владата на различни теми да се одржуваат еднаш месечно.