Манасков, Димовски, Ангелов… во „барабанот“ на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат


Девет кандидатури за претседател на државата се пристигнати во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Листата ја предводат професорката Гордана Силјановска и пратеникот Влатко Ѓорчев, кои се сметаат за најсериозни кандидати за наследник на Ѓорге Иванов.

Другите кандидати се поранешниот пратеник Филип Петровски; Никита Шекутковски,професор на ПМФ; Ѓорги Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика; Васко Костов фармацевтски техничар; Илија Димовски, професор на Шумарскиот факултет; Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница и претседател на ЗЕЛС и Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки.

Деветмината кандидати ја поминаа верификационата комисја и од утре имаат право да ја претставата својата програма пред општинските комитети.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере својот фаворит на партиската конвенција на 16 февруари во Струга.

Г.А.