Македонски Албанец во Италија го задавил петгодишниот син


Албанец од Македонија, кој со своето семејство живеел во Италија, го усмртил своето петгодишно дете со давење.

Како што пренесуваат албанските медиуми, таткото Бесарт Имери (25) во исказот пред полицијата го признал делото.

– Го задавив со мои раце, но не знам зошто, изјавил тој. Ноќта кога се случил настанот Имери сам се јавил во службата за брза помош, велејќи дека детето не може да дише.

Лекарот не можел да му помогне на детето, но забележал траги на насилство околу неговиот врат, по што настанот бил пријавен во полиција.

Имери, како што пренесуваат албанските медиуми, рекол дека го зел детенцето за да се прошетаат со автомобилот каде што и го задавил. Потоа го вратил детето дома и повикал брза помош.

Тој имал психички проблеми, поради што пред неколку месеци го изгубил работното место во фирмата каде работел како заварувач.

Семејството Имери живеело во општната Купрамотонта, кај Анкона, а го очекувале третото дете. вт/ев/