Македонска лекарка во Сплит: За мене Хрватска е и Германија и Франција


Македонската лекарка д-р Анет Папазовска Черепналковска која работи на Клиниката за женски болести на Одделот за неонатологија во Сплит, вели дека за неа ветената земја е Хрватска.

Како што пишува Слободна далмација, Анет пред повеќе од една година со многу напор успеала да се пресели во Сплит и да се вработи, а на Клиниката е една од омилените докторки.

За неа, Хрватска е и Германија, Франција и Ирска и не би ја напуштила за ништо.

– Сплит ми се допадна многу. Неколкупати сум доаѓала тука поради мојата лекарска работа. Секогаш си помислував колку ќе биде прекрасно да живеам тука во оваа прекрасна клима – раскажува Папазовска – Черепналковска.
Таа раскажува дека прво нејзиниот сопруг нашол работа во Сплит, а потоа и таа ја почнала процедурата. По многу тешки моменти и препреки, конечно успеале целосно да се интегрираат во Сплит.

– Во Скопје имав плата од околу 700 евра, што за македонски услови е добра сума. Но, во семејството сфативме дека нашите деца Ангела (16) и Божидар (11) ќе имаат подобра едукација во Хрватска и многу повеќе шанси, бидејќи Хрватска е земја во Европска унија – вели докторката.