Македонија ја чека африкански бран во јуни


Во  следните денови Македонија биде под влијание на африкански бран кој ќе условува многу високи температури на воздухот како и екстсремно висок УВ индекс кој ќе има коефициент некаде од 10 до 11, велат синоптичарите.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност во текот на претпладневните часови додека поради многу загреаната атмосфера и многу топлото време како и поради екстремно високиот УВ индекс во попладневните и во вечерните часови ќе има локално дестабилизирање на атмосферата и расвој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите на воздухот полека но сигурно се се поблиску до 40°C па така во следните денови истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 27 до 34 – 35 степени.

Според моменталните анализи со кој располаат синоптичарите уште потопло би било некаде према 10 јуни кога во најтоплите региони температурите на воздухот би се искачувале некаде до околу 37 – 38 степени.

И покрај најавениот африкански бран сепак да напоменеме дека во следните денови во попладневните часови и навечер ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и локална појава на невреме со град.

Фото: Борис Грданоски