Македонија ја доби поканата за НАТО


Лидерите на-земјите-членки на НАТО одлучија пред малку да ѝ дадат покана на Македонија за почеток на пристапните преговори со алијансата.

-Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме владата во Скопје да почне пристапни преговори. Откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30. членка, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по првата сесија на северноатлантскиот совет на самитот во Брисел.