Македонија во декември го презема претседателствувањето со ICMPD


Во рамки на Vienna Migration Conference 2018 што се одржа во Виена на 18-19 октомври, во организација на ICMPD Mеѓународниот центар за развој на миграциски политики, државната секретарка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со директорот на ICMPD, Михаел Шпенделегер и неговите соработници, во врска со престојното претседателствување на Република Македонија на ICMPD во 2019 година.

На средбата, соопшти денеска МВР, присуствувал и министерот за дијаспора на Република Македонија, Едмонд Адеми.

Република Македонија ќе го преземе претседателствувањето со ICMPD во декември 2018 година, и за таа цел на средбата од страна на државната секретарка Магдалена Несторовска биле презентирани и аргументирани предлог- приоритетите на Република Македонија за престојното претседателствување, од аспект на развојот на имиграционите политики.