Македонија влезе во НАТО


Македонија влезе во НАТО. Амбасадорите во алијансата на 29 земји членки претпладнево го потпишаа во Брисел пристапниот Протокол со кој нашата земја станува 30 членка на најмоќниот воено-политички сојуз.
На церемонијата во седиштето на НАТО присуствуваше  шефот на дипломатијата Никола Димитров, кому, на крајот, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му го подари пенкалото со кое е потпишан Протоколот.
Со овој чин Македонија станува членка на НАТО без право на глас. Полпоравно членство нашата земја ќе стекне откако Протоколот што е потпишан денеска ќе биде ратификуван во парламентите на 27 земји членки и во владите на Велика Британија и на Канада, согласно со нивните процедури за потврда на влезот на нови членки.
Согласно со Преспанскиот договор, Грција треба прва да го ратификува протоколот за Македонија. Процедурата за тоа почнува утре во Атина, прво во матичната комисија, а во петок на пленарна седница на парламентот, кој се очекува да го ратификува протоколот истиот ден. Со тоа стапуваат на сила амандманите на македонскиот Устав што беа донесени согласно со договорот од Преспа.