„Македонија Блокира“ го блокираше центарот


Граѓанската иницијатива „Македонија Блокира“ со шатори ја блокираше улицата пред Собранието, додека во законодавниот дом се оддржува пленарна седница за втората фаза на уставните измени предвидени со Преспанскиот договор на Македонија и Грција. Граѓаните кои протестираат велат дека нема да заминат до Нова Година и дека се спротивставуваат на неуставното менување на името на државата.

На импровизирана бина се менуваат и различни говорници кои испорачуваат различни барања до политичарите.

Пред Собранието има големо полициско обезбедување, а поставени се и двојни барикади.

Фото: Борис Грданоски