Маж се разнесе со експлозив на фудбалски терен во Белгија


Засега неидентификуван маж во Белгија се разнесе со експлозив на фудбалски терен. Според првите информации, човекот носел експлозивен појас на него.

Непознатиот човек се разнел на фудбалски терен во Вервје, град во источниот дел на Белгија.

Во инцидентот нема други повредени.

Градоначалникот на Вервје изјави дека во моментов нема основано сомневање за тероризам и дека се претпоставува дека е поранешен припадник на армијата.

Полицијата започна истрага.