Лидерот на младите вмровци ја поддржа Силјановска: Ќе биде одличен претседател


Новоназначениот лидер на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески отворено застана зад кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска-Давкова за претседател на државата. Тој вели дека бил нејзин студент по Уставно право и ја смета за голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи.

„Професорката е синоним за одбрана на Уставот и уставниот поредок. Како човек кој потекнувам од Струга, многу убаво се сеќавам кога професорката застана во одбрана на уставноста и се изјасни против Законот за територијална поделба, кој и нанесе големи штети на државата. Професорката застана на браникот на уставноста и при гласањето на законот за двојазичност, против кој изразито се спротивстави и на чија неуставност укажа. Професорката е бескомпромисна кога се работи за правото ова го докажа и при застанувањето против договорот од Преспа, со кој се менува уставното име на државата. Јас сум цврсто уверен, дека професорката Силјаноска со своето огромно академско и животно искуство ќе биде вистински Претседател на државата, која ќе ги брани Уставот и законите и секогаш ќе се води првенствено од интересот на граѓаните“, напиша Јаулески на својот профил на „Фејсбук“.