Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на божиќна литургија во Соборниот храм


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на архиерејската литургија по повод празникот Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

-Ја користам оваа прилика од Соборниот храм во Скопје на сите верници од православна христијанска вероисповест да им посакам среќно Христово раѓање, среќен Божик, здравје, среќа, бериќет, насмевки и успеси за  нив и за нивните семејства. Новата 2019 година да ни биде на сите нас многу поуспешна и подостоинствена споредено со изминатата 2018 година, изјави Мицкоски по завршувањето на литургијата.