ЛДП примена во АЛДЕ со полноправно членство


Овој викенд (1-3 декември), делагација на Либерално демократската партија (ЛДП) присуствуваше во Амстердам, Холандија на Конгресот на партијата АЛДЕ – Алијансата на либерали и демократи за Европа, што претставува најголем собир на либерали и демократи на стариот континент, на кој присуствуваа повеќе од 1500 делегати и гости.

На Конгресот беше едногласно прифатено барањето на ЛДП за прием во АЛДЕ со полноправно членство.
Приемот на ЛДП во АЛДЕ е под уставното име на државата – Република Македонија, информират од ЛДП.

Овој чекор претставува голем успех за ЛДП и за државата, бидејќи во европското либерал-демократско семејство членуваат и партии на осум европски премиери.

Со овој чин се потврди и долгогодишната безрезервна поддршка што АЛДЕ, како организација, но и нејзините врвни претставници, пред сѐ претседателот на АЛДЕ, Ханс Ван Баален ѝ ја даваат на Република Македонија.

На конгресот Ван Баален беше ре-избран за претеседател на АЛДЕ.

Во рамките на Конгресот, се одржа и изборно Собрание на регионалната организација ЛИБСЕН – Мрежа на либерали од југо-источна Европа, на која се избра нов претседател, Роман Јакиќ (Словенија), кој ќе ја предводи оваа регионална мрежа а членот на Ивршниот одбор на ЛДП, Дејанчо Цветановски, е ре-избран во раковотството на оваа меѓународна организација.