Лани во странство се лекувале 52 граѓани повеќе од 2015 година


Повеќе осигуреници се лекувале во странство во минатата 2016-та година во споредба со годината претходно, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Според годишниот извештај, лани имало поголем број граѓани кои побарале да се лекуваат во странство на трошок на државата – до ФЗО стигнале 353 барања, во споредба со 302 барања во 2015 година. Минатата година на лекување заминале 209 граѓани, во споредба со 157 во 2015 година.

Според бројките, Комисијата за лекување во странство лани одбила 144 барања. Причините се или заради тоа што не биле исцрпени можностите за лекување во постојните здравствени установи во Македонија, или поради тоа што не постоеле можности за успешно лекување на заболувањето во странство.