Куче повредено со секира од непознат сторител


Непознат сторител му нанел тешки повреди со секира на куче во близина на Егејските згради и улица „Железничка“. Повреденото куче беспомошно шета низ градот со раскрвавена глава, а љубителите на животни апелираат да му се помогне, пишува ОхридЊуз.

-Замолувам некој да го лоцира поубаво и да направиме обид да го заловиме некако. Во земјава нема служби за вакви случаи па должни сме ние граѓаните да ги преземаме работите во свои раце. – напиша на својот фејсбук профил волонтерот и љубител на животни Климент Арнаудов.

Тој посочува дека ова е втор случај на повреда на куче со секира во рок од една недела, по тој во Скопје. Предлага да се оформи фонд од 100-200 евра како награда за корисна информација која ќе помогне да се открие сторителот на ова грозоморно дело.