Кумуцакос: Мандатот на Коѕијас ќе остане запамтен по отстапувањето на Скопје на македонска националност и јазик


По штетниот Договор од Преспа и отстапувањето на македонската националност и јазик, ќе остане запаметен мандатот на Никос Коѕијас на позицијата шеф на грчката диполоматија, според одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демокртија, Јоргос Кумуцакос.

-Отчетот за мандатот на Коѕијас ќе остане во историјата и во свеста на Грците по национално штетниот Договор од Преспа и по отстапувањето на Скопје на македонската националност и јазик, коменира Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.