Корисниците од неколку скопски улици без вода поради дефект


Корисниците од неколку улици во Скопје од вечерва, поради дефект, ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти Водовод.

Уличен дефект се случил денеска на булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“.

Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.

Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Лубланска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20:15часот  до завршување на приклучокот.

Поради дефектот дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Лубланска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај. Булварот Илинден вечерва беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“.