„Комитите“ повикуваат на протест за одбрана на името пред Собранието


Навивачката група „Комити“ повикува денес на протест пред македонското Собрание бидејќи, како што велат, државата е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат ги сменат идентитетот, нацијата, јазикот, историјата.

„Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата…

Ве, повикуваме да ги оставите: вашите клупски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца.

Протестен собир: Собрание на Република Македонија, 20:00 часот.
Нашата револуција нема боја има име, а име и е Македонија!!!“, стои во повикот од навивачите на Вардар.

На протест денеска исто така повикаа и од студентската организација „Млади за Македонија“, од каде што најавија дека доколку се гласа во Собранието за прoмена на името, тие ќе почнат 24-часовни континуирани протести.