Комисијата за европски прашања повторно на пауза


Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби поради тензична атмосфера по трет пат даде пауза на седницата на која се расправа за Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка во второ читање. Паузата ќе трае до 19:30 часот.

Се води расправа за вториот амандман од вкупно 400-ни кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Комисиската расправа треба да заврши до полноќ, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.