Колективна оставка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани


Сите четворица претстаници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Вевчани денеска поднесоа колективна оставка на функцијата, во знак на протест, како што појаснија, против политиката и начинот на владеењето на СДСМ како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието Крсто Мукоски.

Тие најавија дека целосно ќе ја бојкотираат работата на општинскиот совет во кој партијата освои четири од 9-те советнички места.