Кичево од утринава со снег


Во Кичевско падна првиот снег годинава, но засега тој не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот во градското подрачје и во повисоките рурални средини. На сите планини со надморска височина над 600 метри има снежна покривка од неколку сантиметри.

– Врнежите од снег ќе помогнат да се намали опасноста од пожари кои ги имавме претходните неколку дена во регионот на Кичево со што очекуваме оваа есен повеќе да не се соочуваме со нови пожари, изјави Емин Насуфи од општина Кичево.
Насуфи вели и дека сите патни правци во кичевскиот регион се проодни.