Кичевецот Зејно Бајрами го освои регионалниот турнир во шах за слепи лица во Тирана


Кичевецот Зејно Бајрами, кој е член на Здружението на слепи лица од Кичево, го освои првото место на регионалниот турнир во шах за слепи лица, што се одржа викендов во Тирана.

Бајрами, кој е од село Долно Строгомиште, кичевско, го изгубил видот уште во раната младост, меѓутоа вербата и желбата за успех во животот не го напушти никогаш.
– Искажаната храброст и желба за докажување во спортската сфера односно во шахот која ми е голема љубов ми донесе мислам и заслужена радост и успех да бидам регионален шампион во шах за слепи лица за оваа година и тоа со гордост го преставив мојот роден град Кичево и нашата земја, вели Бајрами, кој додаде дека во април наредната година ќе се одржи и Европското првенство каде што планира да настапува и да освои добар пласман и резултат.
Бајрами, кој освои победи во седум категории во Тирана, најави дека ќе продолжи да работи со посилен интензитет и во наредниот период, за поподготвен да го дочека Европскиот шампионат.