Кисела Вода втор ден на протести


Жители на Кисела Вода и денеска се собраа на протест, барајќи дислоцирање на Центарот за зависници. Тие велат дека стравуваат за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца, бидејќи во дворот на објектот постојано наоѓаат медицински отпад. Посочуваат и дека зависниците кои го посетуваат Центарот крадат автомобили, а постојано во околина на институцијата наоѓаат и искористени шприцови. Блокирана е улицата „Борис Трајковски“ кај споменикот на Тодор Александров.

Градоначалникот на општината, Филип Темелковски посочи дека се во интензивна комуникација со Министерството за здравство и оти оттаму доставиле предлог за решавање на проблемот, што треба да се реализира за шест месеци.