Кина за две години блокирала 10 милиони профили на социјалните мрежи


Од почетокот на 2015 година Кина укинала 13.000 интернет-страници, под обвинение дека биле прекршени законите и други владини правила.

Покрај 13.000 интернет страници, деактивирани се и 10 милиони кориснички профили, претежно од социјалните мрежи.

Во истиот, двегодишен период, повеќе од 2.200 сопственици на интернет-страници се повикани на информативен разговор.

Анкетите во Кина покажуваат дека повеќе од 90 отсто од Кинезите ја поддржуваат владината регулација на интернетот, а речиси две третини од луѓето сметаат дека дошло до значително намалување на штетната содржина на интернет.