Кејт Брнс ќе биде новата амбасадорка на САД во Македонија


Претседателот Доналд Трамп има намера да ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија, соопштуваат од Белата куќа. Кејт Брнс сега е заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Таа е дипломат со над 20-годишна кариера.

Именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот. Ако биде именувана, ова би било нејзина прва позиција како амбасадор, а својот мандат во Скопје треба да го започне најрано од крајот на јануари 2019 година.

Претходно Брнс беше заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.