Керим: Не ми го трошете времето со бесмислици


Претседателот на управниот одбор на поранешната издавачка компанија МПМ, Срѓан Керим ги демантира наводите дека не бил достапен за специјаното јавно обвинителство.

– Демантирам дека не сум достапен за СЈО и не трошете ми го времето на бесмислици – ни рече Керим во телефонска изјава и одби да одговори дали е во земјава.

Претходно, Макфакс објави дека два месеци недостапни биле првите луѓе на МПМ Срѓан Керим и Јана Станисављева.

Неофицијално, на двајцата трагата им се губи од почетокот на октомври, односно набргу по нивниот распит во просториите на обвинителството.

Според истите извори, Керим и Станисављева ја напуштиле Македонија на почетокот на октомври годинава, односно набргу по нивниот првичен распит во специјалното јавно обвинителство. Оттаму засега не побарале мерки со кои би го обезбедиле нивното присуство.