Кекеновски и Петровски бараат помирување со Мицкоски


Фракционерското крило на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од Јове Кекеновски и Филип Петровски, му дава рака за помирување на актуелното раководство на партијата. Велат дека без разлика на досегашните ригидни ставови, во интерес на партијата и на иднината е дојдено време да се помират.

„Сега е време за надградба на домашниот и меѓународниот кредибилитет на државата и партијата. Секое тактизирање околу брзата реконструкција и обединување на прогресивните и чесни патриотски сили ќе значи дополнителна агонија и разнебитување на партијата. Во пресрет на сè поизвесните избори, следува период на конкретизирање на одговорноста во ВМРО-ДПМНЕ, период на брза кадровска промена и демократска трансформација“, се наведува во соопштението на фракцијата.

Оттаму додаваат дека лажни промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа на изборите. Потпирање на политичарите, кои имаат ‘сопствен став на дневна основа‘ поттикнат од надворешни фактори не можат да донесат промени, нова визија и спас на државата, туку само ново залажување и порази.