(ВИДЕО) Камчев донесен во суд со возило, СЈО бара притвор


Бизнисменот Орце Камчев доцна попладнево беше донесен во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста. Пред судија на претходна постапка претходно беа изведени Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски и Цветан Панделески кои се блиски бизнис соработници со Камчев.

Според неофицијални и непотврдени информации, Специјалното јавно обвинителство бара притвор за Камчев и останатите четири лица. СЈО инсистира на притвор поради опасност од бегство и влијание на осомничените врз сведоци. Исто така во обзир го земале и фактот што дел од нив имаат двојни државјанства и голема имотна сотојба.

Специјалното јавно обвинителствот отвори истрага под кодно име „Империја“ против 13 лица, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куноска Камчева и сестра Христина Камчева Стојческа, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Видео: Aлсат М