Кампања за безбедно лето во Крива Паланка


Во градскиот парк во Крива Паланка денеска се одржа отворена трибина насловена „Повлечи потег-заштити го својот имот навреме“ во организација на Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово. Трибината ја поддржаа локалната самоуправа на општина Крива Паланка, Полициска станица Крива Паланка, Црвен Крст и лекар-специјалист од здравствен дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка. На трибината присуствуваа голем број граѓани од најразлична возраст кои се запознаа со мерките за претпазливост и превенција од кражби, заштита на имотот, домовите, превенција од злоупотреба на дроги и безбедност во сообраќајот.

Виолета Богдановска, од отсекот за превенција при СВР Куманово, рече дека ваков јавен настан прв пат се одржува во Крива Паланка, а целта е да се привлече вниманието на целокупното население да биде поптетпазливо во сите сегменти со кои ќе се заштити и од сообраќајни незгоди и од пороци, но пред се, ќе се заштитат малолетниците од злоупотреба на дроги, наркотици и алкохол.

– Со еден видео спот кој го презентираме на трибините укажуваме на значењето на семејството како појдовна алка во заштитата на малолетниците, нивно препознавање при порочности. Многу е важно да се зајакне соработката помеѓу полицијата, институциите и граѓаните, истакна Богдановска.

Темата на настанот беше „Безбедно лето, безбедни граѓани, безбеден имот“.

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, рече дека летото е период кога сите ние што се опуштаме, користиме годишни одмори, а не ретко забораваме на безбедноста наша и на имотот.

– Оваа работилница ќе помогне службите да посочат на пропустите кои ги правиме најчесто за заштита на нашиот имот кој го носиме со себе на одмор или на сето она што останува во домовите при заминување надвор од местото на живеење. Важно е да не се објавува на социјалните мрежи кога некој ќе тргне на пат и ќе го остави домот празен, што е една од најголемите грешки, истакна Мицевски.

Докотор Драга Стоилковска, специјалист од Кривопаланечкито здравствен дом одржа предавање за штетноста од употреба на наркотици и алкохол, но пред се од дрогите, укажувајќи на исклучителната важност од семејството како појдовна клетка.

Млади волонтери на Црвен Крст изведоа две демонстративни вежби за пружање прва помош на лице предозирано со дроги, како и на лице повредено во сообраќаја несреќа, се до негово превземање од Итна медицинска служба.

На крајот од настанот се одигра и турнир во шах, симболично-насловен „Повлечи потег-заштити го својто имот навреме“ со кој се укажа на важноста од навремено превземање черки и чекори при заштита на имотот од кражби.