И пратеникот на ДПТ ѝ сврте грб на ВМРО-ДПМНЕ


Единствениот пратеник на Демократската партија на Турците Јусуф Хасани го известил денеска претседателот на Собранието дека во иднина ќе дејствува независно, односно како пратеник на партијата која го претставува.

Хасани е избран за пратеник од листа на коалицијата „За подобра Македонија“, што значи дека, со последниот потег, тој ја напушта пратеничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште еден од низата „прелети“ на пратеници од помалите партии кои влегоа во парламентот од листите на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, сега опозициската коалиција ја напуштија Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите на Македонија. Тие сега, главно, ги поддржуваат законите предложени од Владата.