И Ахмети не дошол поради набиена агенда


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не беше присутен на денешната церемонија за подигање на знамето на НАТО пред седиштето на владата. Од неговата партија велат дека поканите ги добиле вчеравечер во Собранието, а поради кусото време за организација, не било возможно Ахмети да ги откаже и одложи сите претходно закажани обврски.

„Секако дека не станува збор за бојкот, нема никаква позадина. Нашиот претседател е еден од најзаслужните за членството на Македонија во НАТО“, потенцираат од ДУИ за „Независен весник“. (Г.А.)