ИЈЗ ќе презентира податоци за ракот на грлото на матката кај жените во Македонија
Ќе се презентира и здравствено-едукативниот пропаганден материјал (постер и флаер) подготвен во Институтот за јавно здравје во рамки на кампањата, преведен на македонски јазик и на албански јазик.
Од Институтот информираат дека целта е да се подигне свеста кај жените за редовни превентивни прегледи и рано откривање на првите симптоми на ракот на грлото на матката, со што ќе се намали заболеноста и смртноста од овој вид малигно заболување.
На презентацијата ќе се обратат проф. д-р Елена Ќосевска и м-р д-р Силвана Ончева од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.