Исчезнат е скопјанец, семејството моли за помош


Семејството и пријателите се во неуморна потрага насекаде веќе трет ден. Се работи за господинот Алибен Абдул, кој излегол од својто дом и со себе не понел ниту телефон, ниту пари.

„Знаеме дека политиката на телевизиите не објавува исчезнати лица, но искрено ве молиме доколку би можеле да помогнете со било каква објава која би можела да послужи за драгиот сопруг, татко и дедо го вратиме во топлите прегратки на семејството“, замолуваат блиски до семејството.

Семејството може да биде контактирано на следните броеви : 077602-032; 070814060 и 077631120.