Истрага и за поранешниот директор на Т – мобиле, Жарко Луковски


Поранешниот директор на Т-мобиле, Жарко Луковски е осомничен во истрагата „Базни станици“ што ја отвори Специјалното јавно обвинителство. Според СЈО, Луковски наместо да организира самите базни станици да ги градат работници од Т-мобиле, тој склучил договор со АД Бетон. На овој начин, наместо една базна станица да чини три илјади евра, чинела повеќе од 9 илјади евра.
Станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија.

„Станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија.Оваа злоупотрба на службената положба имплицира оштетување на граѓаните на Македонија, која е сопственик на компанијата со 49 отсто. На овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда“, соопштуваат од СЈО.